/ Прочитано:

767

Месечен информатор за дискриминација

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, го спроведува проектот „Промоција на толеранцијата и недискриминацијата“. Една од активностите во рамките на овој проект е издавање месечни информатори, кои имаат цел да ја информираат јавноста за бројот и за видот на случаи на дискриминација регистрирани во земјата на месечно ниво, за постапките поведени за заштита од дискриминација, за судската пракса на домашните судови и на Европскиот суд за човекови права, за праксата на Народниот правобранител и на Комисијата за заштита од дискриминација, како и за активностите преземени од страна на здруженијата на граѓани и на релевантните институции во полето на заштита од дискриминација.

Информаторот за април 2019 можете да го преземете на следниот линк

М.В