/ Прочитано:

2.353

Месечен информатор за дискриминација 

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, го спроведува проектот „Промоција на толеранцијата и недискриминацијата“.

Една од активностите во рамките на овој проект е издавањето на месечни информатори, кои имаат за цел да ја информираат јавноста за бројот и видот на регистрирани случаи на дискриминација во земјата на месечно ниво, за поведени постапки за заштита од дискриминација, за судската пракса на домашните судови и на Европскиот суд за човекови права, за праксата на Народниот правобранител и на Комисијата за заштита од дискриминација, како и за преземените активности на здруженијата на граѓани и релевантните институции на полето на заштитата од дискриминација. Информаторот можете да го преземете на следниот линк. Ова издание не секогаш ги одразува погледите или ставовите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.