/ Прочитано:

882

Месечен информатор за дискриминација

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, го спроведува проектот „Промоција на толеранцијата и недискриминацијата“. Една од активностите во рамките на овој проект е издавање месечни информатори, кои имаат цел да ја информираат јавноста за бројот и за видот на регистрирани случаи на дискриминација во земјата на месечно ниво, за постапките поведени за заштита од дискриминација, за судската пракса на домашните судови и на Европскиот суд за човекови права, за праксата на Народниот правобранител и на Комисијата за заштита од дискриминација, како и за активностите преземени од здруженијата на граѓани и од релевантните институции во полето на заштита од дискриминација.

Информаторот за ноември 2018 можете да го преземете на следниот линк.

М.В