Месечен извештај за човекови права на мигрантите, бегалците и барателите на азил
Хелсиншкиот комитет за човекови права го објави месечниот извештај за човекови права на мигрантите, бегалците и барателите на азил во Србија и Македонија за месец септември 2018 година. Целта на овој извештај е да ја претстави моменталната состојба во врска со заштитата на човековите права и слободи на мигрантите, бегалците и барателите на азил кои поминуваат или престојуваат во Србија и Македонија. Податоците во овој извештај се добиени од 24 граѓански организации од Србија и Македонија, во рамките на мрежата „Помош на рутата“.
Целосниот извештај можете да го преземете на следниот линк.