/ Прочитано:

1.317

МЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА: Прекршувања на начелата на постапката во предметот „27 април“

Хелсиншкиот комитет врши мониторинг на повеќе судски случаи, меѓу кои и на случајот за упадот во Собранието на РМ на 27.4.2018 година, во кој на 33 обвинети лица им се суди за терористичко загрозување на уставниот поредок според членот 313 од Кривичниот законик. Од самиот почеток на оваа судска постапка Хелсиншкиот комитет, при вршење на мониторингот, констатираше одредени повреди на постапката и на правата на обвинетите. Најпрво, реакцијата се однесуваше на нехуманиот третман на притворените лица во овој случај кога во првите неколку дена од судењето беа по цел ден оставени без храна и без вода. По соодветните реакции на набљудувачите од граѓанските организации и бранителите на обвинетите во притвор, судот реагираше и на притворените им беше овозможена храна и вода. Следното прекршување кое беше нотирано се однесуваше на должината на траење на едно судско рочиште, имено имаше рочишта кои траеја и повеќе од 12 часа.

Последното нотирано прекршување на основните начела на постапката беше повредата на начелото на јавност на постапката, кога, и покрај тоа што загрозениот сведок беше заштитен сведок и се испитуваше според одредбите за распит – членови 228, 229, 230 и 338 од ЗКП, судот на барање на Основното јавно обвинителство ја исклучи јавноста од рочиштата кои беа закажани за 16 и 17 октомври на кои се испитуваше заштитениот сведок.

За ваквата одлука на судот Хелсиншкиот комитет објави јавна реакција – соопштение, укажувајќи дека се повредува правото на фер судење и начелото на јавност на постапката како неизоставна компонента на ова право и како гаранција за фер и законито постапување на судовите. Хелсиншкиот комитет укажа и на тоа дека во иднина јавноста треба да биде исклучена единствено кога се исполнети условите изречно прецизирани во членот 354 од ЗКП и во ниеден друг случај.

Текстот на Законот за амнестија за настаните од 27 април поднесен во Собранието  на РМ

АКРМ апелира да се обезбедат потребните услови за нормално одвивање на судскиот процес за предметот „27 април

Начелото на јавност на постапката е едно од основните начела за гаранција на правото на фер судење

Кривичниот суд: Ги разбираме реакциите на одбраната поврзани со условите во кои работи судот, но условите се тие

„Не сме декор во судот“ – велат адвокатите во предметот „27 април“, кои денес беа казнети и отстранети од судница

Коалицијата „Сите за правично судење“ повторно реагира за предметот „27 април“: Загрижува ставот на Кривичниот суд

Предметот „27 април“ и маратонските рочишта во месечниот извештај за состојбата со човековите права

Кривичниот суд со соопштение за маратонските судења во предметот за 27 април

Јавна реакција на Коалицијата „Сите за правично судење“ за предметот „27ми април“: Се постапува на штета на обвинетите

Обвинетите во судскиот процес за „27 април“ не се чувствуваат виновни

Обвинетите не се терористи и предметот е политички мотивиран, велат адвокатите во воведните зборови за „27 април“

Обвиненија за настаните во Собранието

М.В