/ Прочитано:

772

Месечник за криминалот од омраза

Хелсиншкиот комитет за човекови права го објави Месечникот за криминалот од омраза за месец јануари.

„Во јануари 2019 година регистриравме 17 инциденти сторени од омраза по различни основи. Најголем дел од нив (58,8%) се мотивирани од различната етничка припадност на жртвите, а 23,5% поради политичка припадност. По четири години регистриран е еден инцидент од омраза сторен поради сексуалната ориентација на жртвата. Овој случај беше пријавен во полициска станица. Но, иако забележуваме подобрување во пристапот кон жртвата за разлика од претходно, сепак, при известувањето во дневниот билтен на МВР овој инцидент не е регистриран и објавен како инцидент сторен од пристрасност поради сексуална ориентација.

Непостапувањето на надлежните институции по сериозните насилства врз ЛГБТИ-заедницата во 2013 и 2014 година ја намали довербата во институциите. Од тие причини, ваквите инциденти не се пријавуваа ниту кај организациите, ниту кај надлежните државни органи. Затоа, апелираме да се спроведе темелна истрага за овој случај и откривање и санкционирање на сторителот, што ќе придонесе за враќање на довербата на ЛГБТИ-луѓето во институциите на системот“, информираат од Хелсиншкиот комитет.

Месечникот за јануари  2019 може да го преземете на следниот линк