/ Прочитано:

1.990

MEТАСТАЗА: Апелација ја преиначи првостепената одлука – ефективниот затвор зголемен за неколку месеци

Вторник, 12 ноември 2013 – Апелациониот суд ја преиначи првостепената одлука за случајот „Метастаза“, на 9-мина осудени затворската казната им се зголемува од 3 до 6 месеци, потврдуваат од Основен суд Скопје 1. За останатите обвинети, Апелациониот суд ги потврдил условните казни. Второстепениот суд во целост ги одбил жалбите на одбраната.  

Со првостепената пресуда по овој предмет, Кривичниот суд во Скопје пресуди дека сите обвинети се виновни, а казните се движат од 3 години затвор, па се до условни пресуди. Ефективен затвор им е досуден на седумнаесетмина од вкупно 38 обвинети. Деветнаесетмина обвинети добија условни казни. Поранешниот претседател на Комисијата за ревизија за утврдување на инвалидност Сашо Јосимовски и тогашната претседателка првостепената Комисија, второобвинетата Љубица Величкова добија затворски казни од две и пол години. Највисока казна според пресудата, за четвртообвинетиот Љупчо Бутевски, кој според обвинението бил еден од главните посредници при издавањето на инвалидски пензии. Третообвинетиот, Азем Кофрц кој исто така бил посредник доби казна затвор од две и пол години. Повеќето доктори и посредници добија условни казни од една и пол година, а сите заедно се задолжени солидарно да ја надоместат штетата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во износ од околу 250.000 евра.

Според обвинението по предметот за случајот Метастаза, доктори и службеници од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) и нивни посредници, за пари им посредувале на барателите на пензии да се стекнат со правото на користење на инвалидска пензија. Членовите на лекарските комисии и посредниците наводно барале од 1500 до 4000 евра. За секој барател сумата била различна во зависност од тоа каква документација треба да се извади. Групата дејствувала 2 години, а докторите и посредниците наводно заработиле 165.000 евра и го оштетиле Фондот на ПИОМ за 53.000 евра.

>> Предметот за случајот „Метастаза“ проследете го  тука.

(П.Б)