Милошоски достави нови аудиоматеријали во Обвинителството
Пратеникот Антонио Милошоски во Обвинителството достави нови аудиоматеријали на кои се слуша поранешниот премиер Зоран Заев. Според Милошоски, Заев бил во дослух со поранешната обвинителка Катица Јанева, обвинета во предметот „Рекет“. Моето мислење, рече Милошоски, е дека најдобро би било Обвинителството да го повика Заев да каже кој бил со него и тие лица да бидат сведоци, или втората варијанта е да се земат снимките кој влегол во Владата, па да се повикаат и тие лица.
Милошоски, исто така, додаде дека не поседува други материјали и дека ги објавил во најбрз можен рок. „Други снимки не поседувам. Во записникот наведовме дека се работи за анонимен укажувач“, нагласи Милошоски
Милошоски и претходно до Обвинителството достави аудиоматеријали. Во врска со овој аудиоматеријал од ЈО истакнаа дека откако ќе биде преслушан и анализиран, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за понатамошно користење на материјалот.
Обвинителството: Милошоски достави аудиоматеријал кој ќе биде преслушан