/ Прочитано:

1.182

Министерката за правда го образложува антикорупцискиот закон, според кој и граѓаните ќе можат да пријавуваат корупција

Во текот на вчерашниот ден, Собранието го изгласа новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси, според кој се предвидува формирање на нова професионална антикорупциска комисија, со зајакнати надлежности и ефективни механизми за борба против корупцијата. Во Законот за спречување на корупција и судир на интереси се имплементирани препораките на ГРЕКО и на Европската Унија, како и препораките на експертската група на Рајнхард Прибе, вели министерката за правда, Рената Дескоска.

„Владата предложи закон кој се темели на следните основи: силна Државна комисија за спречување на корупцијата, со зголемени надлежности и ефикасни механизми за спроведување на надлежностите; сериозни критериуми за избор на професионален состав на оваа комисија и транспарентна и инклузивна постапка за избор на членови, коja предвидува учество на претставници на граѓанските организации и медиумите, а не вклучува претставници на Владата. Во поглед на зголемените надлежности, клучна придобивка е контролата на финансирањето на политичките партии, која е пред сè превентивна, а ќе се врши врз основа на годишен план, но и по поднесенa пријавa од други државни органи, политички партии или граѓански организации, и секако – по службена должност“, образложува министерката.

„Граѓаните имаат право, врз основа на општ член којшто е содржан во законот, да пратат иницијатива до Државната комисија за спречување на корупцијата, и доколку таа иницијатива е основана, Комисијата по службена должност покренува постапка за контрола на финансирањето на политичките партии“, потенцира Дескоска.

„Во делот на финансирањето на изборните кампањи, внесени се можности секој организатор на изборна кампања, но и набљудувач, да даде приговор на финансирањето на изборната кампања, но уште поважно внесени се рокови во кои ДКСК мора да постапи. Не смее да ни се повтори праксата претставките да завршуваат во фиоките во ДКСК и да се чека да завршат изборите, па некогаш да се сработат“, додава министерката.

Новина е, вели Дескоска, и обврската ДКСК да врши процена на ризик од корупција, да детектира области за ризици и да прави годишен план за превентивна проверка на анкетни листови на функционери, на финансирање на политички партии, на јавни набавки и слично, со што превентивно прави проверки дури и кога нема сомневања.

„Значајно е, исто тоа, што ДКСК ќе има право на директен увид во сметките на носителите на јавни функции, односно за нив нема да важи принципот на банкарска тајна. Дополнително на тоа, ДКСК ќе има и директен пристап во најмалку 64 бази на податоци, при што ќе може да прави и вкрстени проверки на имотната состојба. Внесена е и надлежност ДКСК да испитува и евентуални сомневања за корупција при јавните набавки.

Следејќи ја законски утврдената постапка, Собранието на Република Македонија може да започне со постапката за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата“, образложува министерката за правда.

Секој има право да пријави сомневање за корупција, се пропишува во новиот Закон за спречување на корупцијата

Законите за спречување на корупцијата и за слободен пристап до информации во собраниска процедура

Предлог-законот за спречување на корупцијата ќе добие европско знаменце за да се забрза неговото донесување

Објавен текстот на новиот Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Се подготвува Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Последни препораки од европски експерти за Законот за спречување на корупција

Транспарентноста е еден од клучните предуслови за вистинска борба против корупцијата

Конференција посветена на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата

Јавна расправа за новиот Закон за спречување на корупцијата – козметичко или суштинско решение

Во Собранието започна постапката за донесување нов Закон за спречување на корупција и судир на интереси

Новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси во собраниска процедура

Антикорупциската комисија да биде формирана според меѓународните стандарди за независност и неселективност

ОЦЕНКА НА ГРЕКО ЗА МАКЕДОНИЈА: Разочарувачки резултати за превенцијата на корупцијата

Втората верзија на измените на Законот за спречување на корупција на увид на јавноста

Клучните новини во предложените измени на Законот за спречување на корупцијата

Министерката за правда ги образложи измените на Законот за спречување на корупцијата за кои ќе има јавна дебата

Новата антикорупциска комисија ќе биде составена од експерти

Во подготовка измени на законска регулатива за спречување на корупција и на повеќе прописи од правосудството

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара професионализам, департизација и интегритет од членовите на ДКСК

M.В