/ Прочитано:

1.645

Министерот Саљији на форум за правда и внатрешни работи во Бугарија

Во рамки на сесијата посветена на областа правда, учесниците во текот на вчерашниот ден дискутираа на теми поврзани со одговорност на судството и судската соработка во граѓанската и кривичната материја. „Ваквите настани, на кои ние земјите од Западен Балкан дискутираме со претставниците на Европската унија, за теми кои нè обединуваат и за кои заеднички ги креираме политиките, се од посебно значење и претставуваат поттик за понатамошно и засилено спроведување на критериумите за пристапување во европското семејство“, истакна министерот Саљији во својот говор.

Министерoт за правда, Билен Саљији, учествува на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи „ЕУ – Западен Балкан“, кoј од вчера се одржува во Софија, Република Бугарија.

Министерскиот состанок се одржува во рамките на естонското претседателство со Европската Унија.

Во понатамошното излагање, министерот Саљији потенцира дека Министерството за правда на Република Македонија активно и интензивно работи на исполнување на предвидените реформи од областа на правосудството кои треба да ги отстранат сите утврдени слабости и недостатоци.

„Меѓународната соработка во областа на судската одговорност и судската соработка во кривичната и граѓанската материја се клучни при воспоставувањето добри односи меѓу државите на Балканот, имајќи предвид дека споделуваме речиси слични проблеми, но и волја за нивно надминување“- рече на крајот на своето излагање министерот Саљији.