/ Прочитано:

1.243

Министерот за правда Беџети: Моментално се работи по предметот за случајот „Монструм“

Среда, 13 март 2013 – Предметот за случајот „Монструм“ е во Министерството за правда, потврди денеска министерот Блерим Беџети, но не прецизираше кога истиот  ќе го испрати во Косово од каде треба да се екстрадираат првообвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ. Во меѓу време тапка во место и екстрадацијата од Косово на еден најбараните македонски криминалци, Алмир Дрпљанин. 

„Се работи по овој предмет и согласно законите и билатералниот договор ќе се постапиме по него, одговори министерот за правда Беџети на новинарско прашање во однос на екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ кој беа уапсени на почетокот од месецов во Приштина.

Во врска со екстрадицијата на Алмир Дрпљанин, пак, кој исто така беше уaпсен минатото лето на Косово, министерот Беџети рече дека Министерството за правда ги презело сите чекори.

„Постапивме по барањето, документите се доставени до косовските институции со кои сме во комуникација, но се уште нема конечен исход, изјави Беџети пред денешниот состанок на Меѓуресорска комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права.

Дрпљанин е осуден на доживотен затвор за за нападот врз полициските „Алфи“ кај ПМФ во Скопје, при што беше убиен еден припадник на „Алфите“, а двајца беа ранети, но и пет разбојништва.