/ Прочитано:

899

Беџети: Нема нови информации за екстрадицијата на обвинетите во „Монструм“

Четврток, 13 јуни 2013 – Министерството за правда на Македoнија нема правна регулатива за да преземе какви било други дејствија за побрза екстрадиција на двајцата првообвинети во случајот „Монструм“ Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, на кои им судат косовските органи поради нелегално поседување оружје, изјави министерот за правда, Блерим Беџети.

На претходното рочиште во судницата беа присутни и родителите на убиените момчиња. Во изјава за медиумите тие изразија сомнеж дека некој ги штити убијците и побараа одговор зошто се одолговлекува екстрадицијата. Министерот за правда  Беџети денеска замоли на ваков чуствителен случај да не му се приоѓа со шпекулации.

„Прв пат слушам за вакви сомнежи и апелирам за ваков чувствителен случај сите да придонесеме и да нема простор за разни шпекулации. Судот е местото каде се разгледува случајот и во судска постапка треба да се разгледува“, истакна министерот.

Денеска во Кривичниот суд продолжи судскиот процес за случајот „Mонструм“. Се изведуваа материјални докази. 

>> Обвинителството тврди дека има допирна точка меѓу обвинетите и оружјето употребено во масакрот кај Смилковци