/ Прочитано:

1.389

МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ЏАФЕРИ: Граѓанскиот законик ќе биде готов до јуни 2017 година

Комисијата е формирана во 2011 година. Според најавите, Македонија треба да добие Граѓански законик што треба да ги интегрира нормите со кои се уредуваат граѓанскоправните односи во комплетен и непротивречен систем, проект кој, како што оценија членовите на Комисијата што треба да го изработи, не е само правна реформа, туку и историски чин за државата.

Министерство за правда состанок со Комисијата за изготвување на Граѓанскиот законик

Министерот за правда, Валдет Џафери, на состанок со претставниците на одделните групи на Комисијата за изготвување на Граѓанскиот законик изразил надеж дека тој ќе биде изготвен до јуни 2017 година.

Како што информираат од Министерството за правда, на состанокот се дискутирало за досегашниот тек на изготвувањето на Граѓанскиот законик сфатен како единствен систем на граѓанскоправни норми, за препреките во однос на кодификацијата, како и за роковите до неговото довршување.

Претседател на Комисијата е проф. д-р  Гале Галев, а членови се врвни  професори и експерти  по правни науки од земјата,  како и надворешни соработници, професори и експерти од странство.

Комисијата е формирана во 2011 година. Според најавите, Македонија треба да добие Граѓански законик што треба да ги интегрира нормите со кои се уредуваат граѓанскоправните односи во комплетен и непротивречен систем, проект кој, како што оценија членовите на Комисијата што треба да го изработи, не е само правна реформа, туку и историски чин за државата.

Тогаш претседателот на Комисијата истакна дека верува оти проектот ќе биде завршен за пет години, а Граѓанскиот законик треба да важи за следните 100 години.