/ Прочитано:

1.132

Министерот за правда во Основниот суд Кавадарци, првиот суд каде што се одржа онлајн судење

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, беше во работна посета на Основниот суд Кавадарци, при што можеше да се запознае со работењето на судот, а посебно со степенот на дигитализација на судските процеси, комуникацијата со сите странки во постапките и издавањето на сите документи, потврди и уверенија за кои е надлежен Основниот суд Кавадарци.

Во изјавата за медиумите министерот за правда кажа дека  целосната дигитализација на судовите може да донесе нивна модернизација и зголемена ефикасност во постапките.

Основниот суд Кавадарци  е прв суд во земјава каде што се одржа целосно онлајн судење. Тој му честиташе на претседателот на судот, Лазар Нанев, за пионерскиот чекор, кој служи како пример и мотив дека овој процес треба да продолжи на републичко ниво.  Ефикасноста на судовите може  да се постигне преку дигитализацијата и модернизацијата, констатираа Нанев и Маричиќ.

„Судот во Кавадарци треба да биде мотив, пример и инспирација за сите судови во државата да тргнат на патот на модернизацијата, на патот на што поголема ефикасност и подобар квалитет на испорачување на правдата и патот на доследно спроведување на законот и заштита на странките во постапките така како што бараат современите европски стандарди. Би сакале да го означиме на овој начин процесот на дигитализација на која работиме подолго време. Продолжуваме по оваа посета да работиме уште повеќе и да го промовираме процесот на дигитализација на судовите во Северна Македонија. ЕУ дава поддршка на процесот на дигитализацијата на судовите, следува дигитализација на повеќе судови низ државата, а за тоа правиме и законски претпоставки за ова да профункционира насекаде низ државата“, потенцираше министерот.

Маричиќ најави дека набрзо ќе се донесе и новиот Закон за парничната постапка, каде што меѓу другото ќе се регулираат и онлајн судењата. На тој начин ќе се обезбеди нормален тек на постапките и во услови на пандемија.

Законски измени за дигитализација на судството, најави министерот за правда на јавната расправа за ЗПП

Маричиќ: Судството покажа дека може да функционира онлајн

(ФОТО) Основниот суд Кавадарци постави паравани за целосна заштита на странките

Онлајн судење за разбојништво во Основниот суд Кавадарци

Онлајн судења во Основниот суд Кавадарци

М.В