Министерство за финансии: Граѓанскиот буџет е транспарентен приказ на Буџетот на РМ
Во предговорот, министерот за финансии, Драган Тевдовски, вели дека „Граѓанскиот буџет“ е една од алатките со кои Министерството за финансии ги отвора транспарентноста и отчетноста на јавните финансии. „Пред вас е ‘Граѓанскиот буџет’ за 2017 година. Тој се базира врз податоците од ребалансот на буџетот што беше усвоен од Собранието на Република Македонија во август 2017 година. Ние сметаме дека целосниот увид на јавноста во тоа како се трошат парите на граѓаните е важен чекор напред во спречување на злоупотребите од страна на носителите на власта. Истовремено, нашата намера е преку зголемување на информираноста на јавноста да влијаеме врз посилно вклучување на граѓаните во креирање на владините програми и политики“, вели во предговорот министерот за финансии Драган Тевдовски.
Министерството за финансии изработи „Граѓански буџет“ во кој се појаснети клучните информации кои се содржани во Буџетот на државата. Ресорното Министерство информира дека основна причина за изработка на „Граѓанскиот буџет“ се поголема транспарентност и поголема достапност до пошироката јавност на државниот буџет.
Оттаму посочуваат дека „Граѓанскиот буџет“ не е замена за деталниот Буџет на Република Македонија. Напротив, како што истакнуваат, Министерството за финансии го објавува „Граѓанскиот буџет“ со цел на неекспертската јавност во Македонија, на разбирлив начин, да ѝ ги претстави клучните информации од Буџетот на Република Македонија.
Во предговорот, министерот за финансии, Драган Тевдовски, вели дека „Граѓанскиот буџет“ е една од алатките со кои Министерството за финансии ги отвора транспарентноста и отчетноста на јавните финансии.
„Пред вас е ‘Граѓанскиот буџет’ за 2017 година. Тој се базира врз податоците од ребалансот на буџетот што беше усвоен од Собранието на Република Македонија во август 2017 година. Ние сметаме дека целосниот увид на јавноста во тоа како се трошат парите на граѓаните е важен чекор напред во спречување на злоупотребите од страна на носителите на власта. Истовремено, нашата намера е преку зголемување на информираноста на јавноста да влијаеме врз посилно вклучување на граѓаните во креирање на владините програми и политики“, вели во предговорот министерот за финансии Драган Тевдовски.
Со објавување на „Граѓанскиот буџет“, како што информираат, Министерството за финансии започнува практика на редовно објавување граѓански буџети заедно со буџетите или нивните измени и дополнувања.
„Се надеваме дека ќе ги поттикнеме сите државни институции за своите поединечни буџети да објават разбирливи објаснувања за јавноста. Буџетот го финансираат граѓаните и фирмите и тие се негови директни и индиректни корисници. Буџетот е од граѓаните – за граѓаните, затоа секој треба да има пристап и увид во него“, истакнува во предговорот министерот Тевдовски.
Министерството за финансии најави дека следниот „Граѓански буџет“ ќе се објави со предлог-буџетот за 2018 година и изработката на овој документ ќе стане практика и во иднина.
Граѓанскиот буџет може да се преземе на следниов линк.
А. Б.