/Прочитано:

1.090

Министерство за финансии: Резултати од одржаната аукција на државни хартии од вредност

Министерството за финансии на аукцијата одржана на 15.8.2017 година издаде државни хартии од вредност во износ од 2,701 милијарди денари (43,93 милиони евра).

Станува збор за 12-месечни државни записи во износ од 1,741 милиони денари со камата од 1,85%, 5-годишни државни обврзници во износ од 80 милиони денари со камата од 2,50% и 15-годишни државни обврзници во износ од 880,50 милиони денари со камата од 3,80%.

На 16 август, Министерството за финансии, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност, ќе отплати 2,001 милијарди денари (32,55 милиони евра).

Разликата од 700,01 милиони денари (11,38 милиони евра) ќе биде искористена за активности предвидени во Буџетот на Република Македонија.