/ Прочитано:

3.181

МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ: Што треба да направите ако сте направиле погрешна уплата кон државата или сте ја изгубиле уплатницата

Секоја година од 1000 до 1200 граѓани и фирми имаат грешна уплата на државната сметка или ги губат уплатниците, велат од Министерството за финансии.

За тоа што треба да се направи при погрешна уплата, Министерството за финансии на својата фејсбук страница (https://www.facebook.com/MinistryOfFinanceRM/) објави видео со конкретни насоки кои покажуваат што треба да направат граѓаните доколку извршат погрешна уплата на такси, надоместоци и глоби, за да си ги вратат парите или за да ја пренасочат уплатата на вистинско место.

Воедно, Министерството објавува процедура што треба да се направи доколку е изгубена уплатницата, а на лицето или фирмата им е потребен доказ дека е направена уплата, како и контакт телефони на надлежните во Министерството во врска со ова прашање.

М.В