/ Прочитано:

1.820

Министерство за локална самоуправа: Неопходно е преземање активности за да се активираат повторно месните заедници

„Очекувањата се дека ќе има голема заинтересираност за ова прашање, особено во селските средини за кои функционирањето на месните заедници е од исклучително значење за нивното нормално и секојдневно живеење. Нашиот пристап е дека мора да направиме сè, сите граѓани, без разлика дали живеат во село или во град, да имаат еднакво исти и квалитетни услови за живот на целата територија на Република Македонија. Она што е наша цел е да воспоставиме систем на локална самоуправа во кој граѓанинот ќе биде во центарот на вниманието, а неговите потреби ќе бидат врвен приоритет“, беше истакнато на денешниот настан.

„Месната самоуправа – неискористен потенцијал за јакнење на локалните заедници“, беше тема на денешната дебата на која беше истакнато дека е неопходно преземање активности за да се активираат повторно урбаните, а особено месните заедници во селата каде што жителите ќе се собираат и самите ќе одлучуваат за своите потреби и приоритети.

Според заменик-министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески, организирањето јавни дискусии и дебати по овие прашања е од исклучителна важност, бидејќи тие се основен показател за тоа колкава е потребата од месната самоуправа, односно како да се организираат урбаните и месните заедници, со цел да бидат во служба на граѓаните.

„Очекувањата се дека ќе има голема заинтересираност за ова прашање, особено во селските средини за кои функционирањето на месните заедници е од исклучително значење за нивното нормално и секојдневно живеење. Нашиот пристап е дека мора да направиме сè, сите граѓани, без разлика дали живеат во село или во град, да имаат еднакво исти и квалитетни услови за живот на целата територија на Република Македонија. Она што е наша цел е да воспоставиме систем на локална самоуправа во кој граѓанинот ќе биде во центарот на вниманието, а неговите потреби ќе бидат врвен приоритет“, изјави  Павлески пред почетокот на дебатата.

Советникот на постојаниот претставник на УНДП во Република Македонија, Харалд Шенкер, изјави дека за УНДП е важен постојаниот развој на локалната демократија, нагласувајќи дека месните заедници се дел од тој процес.

„Граѓаните да бидат во центарот на вниманието, да се подобрат услугите за граѓаните во секоја смисла. Мислиме дека тука има потенцијал. Има искуство во регионот и пошироко и работиме на заедничка визија за месните заедници“, потенцираше Шенкер.

А. Б.