/ Прочитано:

3.151

Министерство за одбрана: Воениот камп во Охрид отворен за граѓаните поради земјотресите

Вратите на кампот, како што наведуваат од Министерството за одбрана, се отворени за граѓаните кои имаат штета од досегашните потреси и чувствуваат потреба да се засолнат во воениот камп додека тлото во Охрид не се смири.

Министерството за одбрана ги понуди капацитетите на воениот камп „Васко Карангелески“ во Свети Наум, Охрид, за сместување на граѓаните вознемирени од серијата земјотреси што ги зафатија градот и околината во последните две недели.

„Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на овој начин одговори на повиците на граѓаните упатени до неа преку социјалните мрежи, да се отворат вратите на воениот камп, бидејќи таму граѓаните би се чувствувале побезбедни“, соопшти Министерството за одбрана. 

Вратите на кампот, како што наведуваат од Министерството за одбрана, се отворени за граѓаните кои имаат штета од досегашните потреси и чувствуваат потреба да се засолнат во воениот камп додека тлото во Охрид не се смири.

„Пријавите за сместување во кампот може да се направат на телефонскиот број 070 403 392. Лице за контакт – Ристе Спасовски, раководител на секторот за услуги, туризам, одржување и возен парк во Министерството за одбрана“, стои во соопштението на Министерството за одбрана.