/ Прочитано:

3.392

Министерство за правда: Известување за термини за полагање за судски преведувачи

Писмениот дел на проверката на знаењето на јазиците: албански, англиски, грчки, италијански, француски, германски, турски, руски и холандски ќе се одржи на 1.4.2017 (сабота) со почеток во 9 часот во просториите на Апелациониот суд Скопје.

Министерството за правда ги известува сите пријавени кандидати за проверка на знаењето за постојани судски преведувачи (по огласот објавен на 1.3.2017 година во дневните весници „Нова Македонија“ и „Коха“) дека писмениот дел на проверката на знаењето на јазиците: албански, англиски, грчки, италијански, француски, германски, турски, руски и холандски ќе се одржи на 1.4.2017 (сабота) со почеток во 9 часот во просториите на Апелациониот суд Скопје.

„Писмениот испит трае три часа од моментот на започнување на испитот. Кандидатите кои пријавиле два јазика имаат на располагање два пати по три часа со 15 минути пауза меѓу испитите. Се молат пријавените кандидати да дојдат половина час пред почетокот на терминот за полагање (во 8.30 ч.) и со себе да понесат документ за идентификација (лична карта или пасош)“, соопштува Министерството за правда.

Напомена: на писмениот дел од проверката на знаењето е дозволено користење на речници и стручна литература. Не е дозволено користење на електронски помагала.

Усните испити по грчки, руски и холандски јазик ќе се одржат истиот ден по завршувањето на писмениот испит.