/ Прочитано:

1.504

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Конкурс за еден извршител за подрачјето на Основниот суд Скопје 1 и Основниот суд Скопје 2

Во конкурсот исто така се наведува дека именуваниот извршител ќе ги преземе предметите и ќе продолжи со работа во канцеларијата на извршителот чија должност престанала.

Илустрација

Министерството за правда објави конкурс за именување на еден извршител за подрачјето на Основниот суд Скопје 1 – Скопје и Основниот суд Скопје 2 – Скопје.

Слободното место за ова подрачје е поради престанувањето на должноста на еден извршител, се наведува во Конкурсот.

Од Министерството наведуваат дека кандидатот за извршител треба да ги исполнува условите предвидени во членот 32 од Законот за извршување, и тоа:

  • да е државјанин на Република Македонија;
  • да е деловно способен и да има општа здравствена способност;
  • да е дипломиран правник со завршено четиригодишно високо образование на правни студии или дипломиран правник со стекнати 300 кредити според ЕКТС;
  • да има најмалку пет години работно искуство на правни работи или три години искуство на извршни работи;
  • да има положен испит за извршител според програмата која ја пропишува министерот за правда;
  • активно да го владее македонскиот јазик.

Останатите критериуми можете да ги погледнете на следниот линк: http://justice.gov.mk/documents/Konkurs%20%E7%E0%20Skopje%20.pdf

Во конкурсот исто така се наведува дека именуваниот извршител ќе ги преземе предметите и ќе продолжи со работа во канцеларијата на извршителот чија должност престанала.

Рокот за пријавување е 15 дена сметано од денот на објавување на Конкурсот во Службен весник.