/ Прочитано:

1.391

Министерство за правда: Потпишувањето на Сингапурската конвенција за медијација е историски настан

Високи официјални претставници од повеќе од 50 земји ќе се сретнат во Сингапур за поддршка и за потпишување на новиот меѓународен договор за медијација на 7 август 2019 година. Овластен потписник на Сингапурската конвенција во име на Владата на Република Северна Македонија е министерката за правда, Рената Дескоска.

„Потпишувањето на оваа конвенција е историски настан кој ќе донесе бројни придобивки за странските инвеститори и компаниите преку алтернативното, вонсудско разрешување на меѓународните трговски спорови.

Досега, спогодбите со коишто се решаваа меѓународните трговски спорови, а кои беа постигнати по пат на медијација немаа заштитен механизам и гаранции за прекугранично спроведување. Конвенцијата на Обединетите нации за меѓународни договори за спогодување што произлегуваат од медијацијата, позната како Сингапурска конвенција за медијација, ќе обезбеди прекугранично спроведување и почитување на спогодбите постигнати по пат на медијација, ќе им овозможи на компаниите и на меѓународните инвеститори поголема правна сигурност која ќе ја зголеми меѓународната трговија.

Конференцијата и церемонијата за потпишување за Сингапурската конвенција се во организација на Министерството за правда на Сингапур и Комисијата на Обединетите нации за меѓународно трговско право (UNCITRAL), и претставуваат дел од низата поврзани настани што ќе се одржат за време на Неделата на Конвенцијата во Сингапур од 2 до 8 август 2019 година. На конференцијата ќе се дискутира за теми поврзани со меѓународното трговско право и решавањето спорови, унапредувањето на медијацијата како алтернативен начин за решавање на споровите и иднината на меѓународното решавање на спорови.

Министерката за правда ќе има учество и свое обраќање во рамки на тркалезната маса насловена како ‘Градење доверба, овозможување меѓународна трговија’.  На оваа тркалезна маса, министрите и високите претставници ќе разговараат за тоа што можат да направат владите за градењето на довербата среде глобалните неизвесности, важноста на мултилатерализмот и меѓународното владеење на правото, како и придонесот на Сингапурската конвенција за медијација.

Свеченото потпишување на Сингапурската конвенција и конференцијата ќе се одржат на 6 и 7 август. Со свое обраќање конференцијата ќе ја отворат премиерот на Сингапур, Ли Сјен Лунг, и Стивен Матиас, помошник генерален секретар за правни работи на ООН.

Конвенцијата беше усвоена со консензус во Генералното собрание на ООН на 20 декември 2018 година. Тоа ќе биде првиот договор на ООН што ќе го носи името по Сингапур. Листата на потписници говори за значајноста на оваа конвенција: САД, Кина, Јапонија, Турција, Индија, Швајцарија, Австралија, Иран, Катар и други“, се вели во соопштението на Министерството за правда.

Целосниот текст на Сингапурската конвенција е достапен овде.

Новиот Закон за медијација со европско знаменце во собраниска процедура

Целта на Законот за медијација е приближување на земјата кон ЕУ, се вели во законското образложение

Драстично зголемување на бројот на предмети кај медијаторите

Европска конференција за медијација во Скопје

Меморандум за соработка меѓу Комората на медијаторите и Владата

Програмата за поддршка на медијацијата донесена од Врховниот суд

Јавна расправа за Предлог-законот за медијација: Законското решение има недостатоци и треба да се доработи

Министерството за правда подготвува Закон за медијација

Регионални искуства за медијацијата како ефикасен начин на алтернативно решавање на стопанските спорови

Советите на правните застапници се клучни при алтернативното решавање на трговските спорови

„Време е превезот врз очите на божицата на правдата да не биде само моден детаљ“ – д-р Срѓан Шимац за предизвиците на правото од аспект на медијацијата

ЗА УЛОГАТА НА АДВОКАТИТЕ ВО ПОСТАПКАТА ЗА МЕДИЈАЦИЈА: Интервју со адвокатот Јане Илијески

Медијацијата нуди многу предности за граѓаните и за деловните субјекти – интервју со д-р Зоран Вучев, лиценциран медијатор

АЛТЕРНАТИВНИТЕ ВОНСУДСКИ ПОСТАПКИ И ПРИСТАПОТ ДО ПРАВДА: Европскиот парламент и Советот на ЕУ за медијацијата во граѓанските и трговските спорови

Начела на медијацијата

Мислењата на анкетираните судии за медијацијата – извештај за примената на алтернативното решавање на спорови

АЛТЕРНАТИВНО РЕШАВАЊЕ СПОРОВИ: За медијацијата клучна е довербата

АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА НА МЕДИЈАЦИЈАТА: Медијацијата нуди прифатливи решенија за компаниите

Научно толкување на членот 66 од Преодните и завршни одредби на Законот за медијација

ЗАСТАПНИЦИТЕ ДОБРО ДА СЕ ПОДГОТВАТ: Судијката Антоанета Димовска за примената на новите измени во ЗПП

М.В