/ Прочитано:

1.216

Министерство за правда за штрајкот на Независниот синдикат на УВМК

Министерството за правда е запознато со барањата на Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги. Остварена е средба на 19 април 2022 година во просториите на министерството. На состанокот беше заклучено дека не е возможно да се потпише предложениот Колективен договор од следните причини:

– Одредбите во предложениот текст на Колективниот договор излегуваат од рамките на Законот за административни службеници. Барањето за зголемување на бодувањето на вработените според квалификации за 60 бода за секое ниво, како и предвидување на четири секретари во Управата е спротивно на Законот за административни службеници. Заради тоа, текстот на договорот треба комплетно да се преработи.

– Во текстот на Колективниот договор се предвидени додатоци на плата, а основната плата на вработен во УВМК заради „посебни услови за работа“ се зголемува за 30 со што ќе се зголемат средствата предвидени во буџетот на УВМК. Таков договор, кој предвидува излегување од износот на предвидени средства е незаконски и за тоа се предвидени санкции согласно Закон за Буџети на РСМ .

Ве информираме дека во текот на вчерашниот ден Министерот за правда Никола Тупанчески имаше работна средба со директорот на УВМК Блерим Абази на која беше договорено да се подобри комуникацијата меѓу синдикатот и раководството на УВМК како и да се разгледа можноста за интерни унапредувања и дополнителната мотивација на вработените а се со цел, подобрување на услугите на граѓаните за добивање документи.

Министерство за правда

 

Извор: МИА