Министерство за здравство: Од денеска целосно престанува да важи одлуката за забрана за движење
„Од денеска целосно престанува да важи Одлуката за забрана и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија.
Оваа одлука е донесена врз база на детална анализа за досегашниот три месечен период откако е дијагностициран првиот случај со коронавирус во земјава. Заклучокот е дека соодветно се почитуваат препораките и алгоритмите на Комисијата за заразни болести, пришто превемените мерки дадоа одредени резултати.
Еден од факторите за намалувањето на рестриктивните мерки е намалениот мобирдитет, морталитет, леталитет кој ги следи европските и светските трендови. Во однос на регистрираните случаи со КОВИД-19, тие се контролираат и во постојана комуникација со медицинскиот тим. Во овој момент, 50% од капацитетите се исполнети во болничките установи. Има доволен број на легла, заштитна опрема, како и респираторни машини.
Но, граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од овој вирус, покрај олабавувањето на рестриктивните мерки.
Потребно е задолжително носење на заштитна опрема, често миење и дезинфицирање на раце, како и одржување на потребната физичка дистанца од 1,5 до 2 метри. Само преку почитување на овие мерки, ние може да го заштитиме нашето здравје и здравјето на најблиските. Од сите нас зависи успешното справување со коронавирусот“, соопштуваат од Министерството.
Владата: Престанува одлуката за забрана за движење
M.В