/ Прочитано:

1.227

Министерството за економија организира јавна расправа за правилници од областа на енергетиката

„Министерството за економија, Сектор за енергетика, организира тематска јавна расправа во врска со одредбите од  Нацрт-правилникот за контрола на квалитетот на електричната енергија, Нацрт-правилникот за технички нормативи за заштита на нисконапонските мрежи и припаѓачките трансформаторски станици, како и Нацрт-правилникот за изградба на надземни водови со номинален напон од 1 кВ до 400 кВ, која ќе се одржи на 16.10.2018 година (вторник) со почеток во 10:00 часот во просториите на Стопанската комора на Република Македонија. Нацрт-текстот на трите правилници е објавен на веб-страницата на Министерството за економија www.economy.gov.mk, каде што можете да го преземете“, се вели во известувањето на Министерството за економија.

М.В