/ Прочитано:

1.222

Министерството за економија подготвува измени на Законот за градежните производи

Министерството за економија подготвува измени на Законот за градежните производи. Во Националната програма за усогласување со законодавството на ЕУ, во делот на Поглавјето 3.01 – Слободно движење на стоки, посочуваат од Министерството, предвидено е усогласување со Регулативата (ЕУ) бр. 305/2011 за утврдување на усогласените услови за ставање на пазар на градежните производи.

„Со имплементација на Регулативата за градежните производи ќе се обезбеди правилата што ги бараат градежните работи да се изработени така што нема да ја загрозат безбедноста на луѓето ниту да се штетни на животната средина. Во 2016 година имаше измена во самата Регулатива (ЕУ) бр. 305/2011 и во придружните анекси. Со оглед на наведеното, утврдена е потреба за усогласување со новите измени на регулативата. Имајќи ја предвид потребата од вакви измени, Министерството за економија подготви текст на Законот под работен наслов „Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градежните производи“, велат од Министерството.

М.В