/ Прочитано:

1.035

Министерството за економија подготвува измени на Законот за технолошко-индустриски развојни зони

 

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за технолошко-индустриски развојни зони се воведува нова одредба со која се уредуваат царинските поволности и можности за зоните кои се основани со договор за јавно-приватно партнерство (ЈПП), велат од Министерството за економија.

„Просториите наменети за царинско складирање, кои се изградени и се градат во рамки на зоните основани со договор за ЈПП, се современи и ги исполнуваат сите услови како за задоволување на потребите за складирање на различни типови на стока, така и за задоволување на потребите за работа на царинските испостави кои функционираат и спроведуваат царински постапки согласно своите законски надлежности. Оваа состојба наметнува потреба, за да имаат економска оправданост инвеститорите на царински складови, потребно е да се создаде законска можност да вршат услуги и на субјектите кои се во зоните, но и на субјектите лоцирани надвор од зоните“, образложуваат од Министерството за економија.

М.В