/ Прочитано:

1.034

Министерството за економија подготвува Закон за инсолвентност

„Министерството за економија, во соработка со Меѓународната финансиска корпорација (групација на Светската банка), изработи Нацрт-зaкон за инсолвентност“, информираат од Министерството.

„Со изготвување на Законот за инсолвентност ќе се овозможи заштита на инвеститорите и нивните бизниси, пофлексибилна и поедноставна постапка за малите бизниси, појаснување на условите за учество на доверителите во стечајните постапки. Исто така, се предвидуваат одредби за навремено реструктурирање на претпријатија со тешкотии со цел должникот да преговара за опциите за намирување на долгот со своите доверители. Воедно, се врши усогласување со: Директивата 2019/1023 на Европскиот парламент и Советот од 20.6.2019 година, за рамката за превентивно преструктурирање, за ослободување од долгот и дисквалификациите и за мерките за зголемување на ефикасноста на постапките во врска со преструктурирањето, инсолвентноста и ослободување од долгот и Измени и дополнувања на Директивата ЕУ 2017/1132 (Директива за преструктуирање и инсолвентност)“,појаснуваат од Министерството.

М.В