/ Прочитано:

980

Министерството за економија подготвува Закон за контрола на надворешно трговскиот промет со необработени дијаманти

„Во Националната програма за усогласување со законодавството на ЕУ, во делот на Поглавјето 30 – Надворешни односи предвидено е усогласување со ЕУ Регулативата бр. 2368/2002 од 20 декември 2002 година за имплементирање на шемата за сертифицирање за меѓународна трговија со необработени дијаманти во рамки на Процесот Кимберли. Со транспонирање на оваа Регулатива во законодавството на РМ ќе се обезбеди надзор над експлоатацијата и трговијата на т.н. конфликтни дијаманти. Во текот на втората половина од 2018 година, Министерството за економија спроведе првични анализи на ефектите од примената на ЕУ Регулативата бр. 2368/2002 од 20 декември 2002 година, во рамки на домашното законодавство, при што е констатирано дека не постојат правни препреки за донесување ново законско решение, со кое би се вовел посебен систем на контрола кој ќе се применува на надворешно трговскиот промет со необработени дијаманти“, велат од Министерството за економија, кое го подготвува Предлог-законот.

М.В