/ Прочитано:

1.090

Министерството за финансии ја презема иницијативата за „Пејпал“

Министерството за финансии информира дека официјално ќе се обрати до „Пејпал“ за да се отпочне постапката за воведување на услугата „прием на пари” во Македонија преку платежниот сервис „Пејпал“.

Ова е заклучокот од вчерашната средба што се одржа во Министерството за финансии, а на која присуствуваа претставници од Министерството, министерствата за економија и за информатичко општество и администрација и од четири банки во Македонија.

„Со ова ќе се овозможи македонските граѓани и фирми да продаваат свои производи и услуги на светските пазари и да вршат прием на плаќања преку ‘Пејпал’“, се вели во соопштението што денеска беше објавено од страна на „Логин системи“ кои се иницијатори за воведување на пејпал-услугата.