/ Прочитано:

1.989

Министерството за финансии подготвува нов посебен Закон за данок на моторни возила

Министерството за финансии подготвува нов Закон за данок на моторни возила. Со новиот Закон за акцизите оданочувањето на патничките автомобили не е предмет на уредување на овој закон, од таа причина, велат од Министерството,  тоа ќе се регулира со нов посебен Закон за данок на моторни возила.

„Имајќи ги предвид европските практики и препораките од странските експерти во оваа област, данокот на моторните возила покрај вредноста на моторните возила ќе се пресметува и врз основа на износот на просечната емисија на јаглерод диоксид – CO2 изразена во грамови по километар. На овој начин ќе се придонесе кон увоз и користење на возила со пониска емисија на јаглерод диоксид, што ќе значи намалување на загадувањето на воздухот со цел да се обезбеди здрава животна средина, што е основен предуслов за квалитетен живот на граѓаните“, велат од Министерството за финансии.

M.В