/ Прочитано:

848

Министерството за правда бара од Кривичниот суд да се произнесе за постапката за екстрадиција на Морина

„Министерството за правда на РСМ до Основниот кривичен суд – Скопје достави барање со целокупната пропратна документација за произнесување на судот во однос на постапката за екстрадиција на Т. М., за кој на 25.7.2019 год. беше прифатен предлогот за определување мерка притвор заради екстрадиција по распишана меѓународна потерница.

Судијата на претходна постапка, согласно законските одредби, барањето ќе го испрати на мислење во надлежното обвинителство, а по добивање на мислењето судот ќе се произнесе и одговорот ќе го достави до Министерството за правда, кое е надлежно во понатамошниот дел од постапката за екстрадиција.

Воедно, денеска е добиено барање за посета на притвореното лице од страна на претставници на Косовската амбасада во Скопје, кое, согласно членот 178 од ЗКП, им е одобрено. Во однос на сите останати информации поврзани со предметот, за кој има интерес од јавноста, судот постапува и благовремено ќе ги извести странките“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

Томор Морина е поранешен член Ослободителната војска на Косово, за кој на 25 јули годинава беше прифатен предлогот за определување мерка притвор заради екстрадиција по распишана меѓународна потерница.

М.В