/ Прочитано:

2.190

Министерството за правда ги објави термините за полагање на усниот дел од испитите за судски преведувачи

Во нивното соопштение се наведува дека сите кандидати кои ќе го положат писмениот дел од испитот или условно ќе го положат испитот треба да дојдат на термините закажани за усниот дел. Министерството соопштува дека резултатите од писмениот испит се објавуваат на нивната веб-страница, а исто така ќе бидат испратени и на електронските адреси на кандидатите.

Министерството за правда денеска информира за термините за полагање на усниот дел од испитите за судски преведувачи.

Во нивното соопштение се наведува дека сите кандидати кои ќе го положат писмениот дел од испитот или условно ќе го положат испитот треба да дојдат на термините закажани за усниот дел.

Министерството соопштува дека резултатите од писмениот испит се објавуваат на нивната веб-страница, а исто така ќе бидат испратени и на електронските адреси на кандидатите.

Усниот дел по турски јазик кандидатите ќе го полагаат на 5.4.2017 (среда) во 13 часот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, во кабинетот на професор д-р Фадил Хоџа.

Усниот дел по италијански јазик ќе се полага на 6.4.2017 (четврток) во 12 часот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, во Мултимедијалниот центар за италијански јазик (Стаклена зграда).

Усниот дел по албански јазик кандидатите ќе го полагаат на 5.4.2017 (среда) во 10:30 на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје во Библиотеката за албански (на приземје лево од бифето) кај професор Агим Пољоска.

Усниот дел по француски јазик ќе се полага на 7.4.2017 (петок) во 15 часот во Министерството за правда (ул. „Димитрие Чуповски“ бр.9 Скопје) – Сала за состаноци на приземје.

Усниот дел по германски јазик ќе се полага на 7.4.2017 (петок) во 16 часот во Министерството за правда (ул. „Димитрие Чуповски“ бр.9 Скопје) – Сала за состаноци на приземје.