/ Прочитано:

1.136

Министерството за правда ги објавува извештаите од надзорот во судовите за АКМИС-системот

Министерството за правда ги објавува записниците од извршениот надзор над функционалноста на Автоматизираниот компјутерски систем за управување со судските предмети (АКМИС-системот) во судовите.

„Со последните изменувања и дополнувања што беа направени во Законот за судовите се воведе обврска на Министерството за правда врз основа на годишен план да врши редовен надзор над функционалноста на АКМИС-системот.

Оваа година, Министерството за правда планира да изврши надзор над функционалноста на АКМИС-системот во 16 судови. Досега завршен е надзорот над осум судови, односно половина од предвидените за оваа година.

Комисијата за надзор формирана од страна на Министерството за правда досега подготви шест записници од спроведениот надзор, и тоа за: Управниот суд, за Вишиот управен суд, за Основниот суд Скопје 1, за Основниот суд Скопје 2, за Основниот суд Кавадарци и за Основниот суд Куманово. Извештаите за надзор над функционалноста на АКМИС-системот во Основниот суд Тетово и во Основниот суд Кичево се во фаза на подготовка и многу брзо ќе бидат објавени.

Воедно, ве информираме дека извештајот што го подготвува Комисијата за надзорот е финален и не оди на одобрување кај министерот за правда со цел да се отстрани можноста кој било министер да интервенира во извештајот за надзорот во судовите.

При увидот во функционалноста на АКМИС-системот се вршеше интервју  со претседателот на судот во врска со обврските предвидени со Законот за управување со движењето на предметите во судот и Судскиот деловник и увид во електронските уписници“, велат од Министерството за правда.

Од извршените интервјуа и увидот досега генерално се заклучи дека:

Движењето на предметите во судовите се врши преку АКМИС.

Распределба и прераспределба на предмети се врши електронски. Не се забележани случаи на доделување на предмет „на рака“.

Судиите редовно вршат прием на предмети електронски.

Изземања на судии се врши по законска процедура и врз законски основи.

Исклучување и вклучување на судии од АКМИС се врши со образложена одлука заради отсуство подолго од пет дена.

Годишните извештаи за распоред на судии се менуваат заради организациски потреби на судот и избор или заминување на судија во пензија или делегирање на судија во друг суд.

Предметите во судовите се распределуваат еднаш дневно во 14:30 часот, а итните веднаш.

Одлуки за рачна распределба на предмети има кај предметите по кои постапува само еден судија. И во овој случај предметите се распоредуваат електронски со тоа што истите се доделуваат на ист судија.

Секако, додаваат од Министерството за правда, надзорот покажа и одреден број на слабости за кои Министерството за правда достави препораки чија реализација ќе ја следи Надзорната комисија и тие системски ќе се решаваат:

Одреден број на судови имаат голем број на неархивирани предмети. Дадени се препораки до судот и до повисокиот суд итно да бидат преземени мерки за надминување на констатираниот проблем. Воедно, напоменуваме дека во наведените судови претседателите на судовите имаат донесено план за надминување на наследениот проблем и истиот е во фаза на реализација. Надзорната комисија ќе ја следи нивната реализација.

Судовите работат со недостиг од стручни соработници и архивари. Во однос на овој недостиг, се предлага тој да биде надминат со стратегијата за човечки ресурси во судството со која прецизно треба да бидат испланирани потребите од судски службеници во секој суд поединечно.

Во таа смисла, не постои реално утврдена систематизација за потребен број на судии по судови, во зависност од оптималниот број на предмети во судот. Во ниту еден од контролираните судови не е пополнет систематизираниот број на судиски места. Анализата на судската мрежа покажа намалување на бројот на предметите во судовите, судовите го решаваат приливот на предмети, што укажува на потреба за ревидирање на бројот на судии по судови.

Судскиот совет на Република Северна Македонија многу ретко ги посетува судовите и врши увид во нивната работа. Се препорачува Судскиот совет да земе поактивно учество и увид во работата на судовите.

Во секој суд постои итна потреба за зајакнување на капацитетот на информатичката опрема заради исполнување на законски обврски за скенирање на влезна документација и процедура за резервно осигурување на податоците (т.н. бекап). Освен во Основниот суд Кавадарци во ниту еден друг суд не се врши скенирање на целосната влезна документација заради ограничени технички можности на опремата и недостиг од човечки ресурси. Судскиот буџетски совет мора да врши правилно распоредување на средствата во зависност од приоритетите во судовите.

Во одредени судови е потребно да се зајакне дисциплината во судот, заради надминување на низа натрупани пропусти (голем број на неархивирани предмети и некористење на сите можности на АКМИС). Беше укажано дека во некои судови судските службеници одбиваат внесување на дополнителни податоци во АКМИС и тоа го сметаат за дополнителна работа за што поднесуваат пријави до Судскиот совет. Се препорачува да се вршат почести обуки на судската стручна служба за можностите и потребата за внесување на податоците во системот.

Исто така потребно е да се организира континуирана обука за ИКТ-технологијата на информатичарите за целосно искористување на капацитетите на АКМИС-системот.

Во одреден број судови со проширена надлежност нема судски администратори, а со оглед на нивната надлежност нивниот избор е неопходен.

Во судовите обично не се формира одделот за судска практика од причина што работата на вакви предмети не се нормира. Потребно е да се утврди начин на нормирање на предмети од област судска практика и јасно да се дефинира надлежноста на овој оддел.

Потребно е Судскиот совет да ја преиспита целисходноста на делегирање на судии од поголеми судови во судовите во Скопје, односно неопходно е да се прави подолгорочна стратегија за реален број на судии по судови и да не се создава недостиг, а со тоа и заостаток на предмети по судови заради судиско делегирање на долг рок.

Вишиот управен суд и Управниот суд работат во несоодветни објекти кои не ги задоволуваат основните потребите на судот и граѓаните заради што е потребно да се изнајде трајно решение за овој проблем.

Да се изврши оптимизација на АКМИС во Вишиот управен суд, Управниот суд, Основниот кривичен суд Скопје и Основниот граѓански суд Скопје, односно во цитираните судови егзистираат сите видови на електронски уписници иако станува збор за судови со посебна законска надлежност.

Во прилог сe извештаите од Комисијата за надзор:

Основен суд Скопје 1

Основен суд Скопје 2

Управен суд

Виш Управен суд

Основен суд Кавадарци

Основен суд Куманово

Тркалезна маса за АКМИС-системот и Законот за управување со движењето на предметите

Објавен Предлог-законот за управување со движењето на предметите во судовите

Донесени се заклучоци во врска со состанокот на Поткомитетот за правда и внатрешни работи

Во подготовка Закон за управување со движењето на предметите во судовите

Законски измени за спречување на злоупотребата на АКМИС

Извештајот за АКМИС-системот достапен за јавноста: Нотирани се бројни неправилности

Извештајот за АКМИС-системот достапен за јавноста: Нотирани се бројни неправилности

Отворена предистражна постапка за АКМИС-системот

Констатирани бројни неправилности во АКМИС-системот

Комисијата предводена од судијата Лазар Нанев продолжува со увидот во АКМИС-системот во Кривичниот суд

Судијата и професор Лазар Нанев – претседател на комисијата за ревизија на АКМИС-системот при Министерството за правда

М.В