/ Прочитано:

4.321

Министерството за правда објави оглас за проверка на знаењето на кандидати за постојани судски преведувачи

Проверката на знаењето се врши писмено и усно, во согласност со Програмата за проверка на знаењето на друг јазик за поставување на постојаните судски преведувачи. Програмата и другите информации за спроведување на постапката за проверка на знаењето се објавени на интернет страницата на Министерството за правда - www.pravda.gov.mk

Врз основа на член 35 од Судскиот деловник („Службен весник на РМ” бр. 66/13 и 114/14), Министерството за правда објавува оглас за проверка на знаењето на кандидати за постојани судски преведувачи.

Кандидатот што сака да се пријави поднесува барање со уплатница за административна такса од 50,00 денари, во кое ги наведува личните податоци (име, татково име, презиме, адреса на живеење, e-mail адреса, телефон и слично) и за кој јазик/јазици бара да биде поставен како судски преведувач.

Кон барањето е должен да приложи:

– уверение за државјанство;

– доказ за живеалиштето или престојувалиштето на подрачјето на судот, за кој бара да

биде поставен за преведувач (фотокопија од лична карта или потврда за престојувалиште);  – уверение или диплома за завршено високо образование; – потврда од овластена образовна институција за активно познавање на македонскиот јазик (само доколку високото образование е завршено надвор од Република Македонија); – уверение или потврда за активно познавање на странскиот јазик или јазикот на припадниците на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија и  – уплатници.

Секој кандидат треба да достави уплатница во износ од 6.000,00 денари, уплатени на жиро-сметката на Министерството за правда, на број 070010014063112 со назнака „За проверка на знаење за судски преведувачи”, назив на примачот – Министерство за правда, банка на примачот – Народна банка на РМ, трезорска сметка на Народна банка број 100000000063095, приходна шифра 723013, програма 10.

Потребните документи треба да бидат во оригинал или копија заверена кај нотар (освен личната карта) и заедно со барањето да се достават во архивата на Министерството за правда, ул. Димитрие Чуповски бр. 9, Скопје.

Проверката на знаењето се врши писмено и усно, во согласност со Програмата за проверка на знаењето на друг јазик за поставување на постојаните судски преведувачи.

Програмата и другите информации за спроведување на постапката за проверка на знаењето се објавени на интернет страницата на Министерството за правда – www.pravda.gov.mk.

Писмениот дел од проверката на знаењето ќе се одржи на 01.04.2017 година (сабота), со почеток во 9:00 часот, во просториите на Апелациониот суд Скопје.

Кандидатот што ќе го положи писмениот дел од проверката на знаењето на јазикот полага устен дел најдоцна во рок од 7 дена по спроведување на писмениот дел.

Огласот трае 15 дена од денот на објавувањето.