/Прочитано:

569

Министерството за правда организира денови на бесплатен правен совет, во соработка со адвокатите, нотарите, извршителите и медијаторите

Министерството за правда, во соработка со  Адвокатската    комора, Нотарската комора,  Комората  на  извршители  и  Комората  на медијатори,  денес организира  „Денови на бесплатен правен совет“ за граѓаните што имаат  прашања од областа на медијацијата, адвокатурата, нотаријатот и извршувањето, кои ќе можат да добијат бесплатен правен совет.

„Денови на бесплатен правен совет“ ќе се одржи денес во сите подрачни одделенија на Министерството за правда, со почеток во 12:30 часот, а во подрачните одделенија во Тетово, Гостивар и Дебар, граѓаните ќе можат да добијат бесплатен правен совет на 23.11.2018 година, со почеток од 12:30 часот.

Концептот на бесплатна правна помош во себе инкорпорира една хумана димензија која подразбира дека сите граѓани треба да имаат загарантиран пристап до правдата. Главната  цел на Законот за бесплатна правна помош е давање можност  на  што  поголем  број  граѓани за пристап до правда и квалитетно  правично  и  фер  судење.

Правото на бесплатна правна помош, во согласност со Законот, можат да го остварат лица кои со оглед на својата материјална положба не би можеле да ги остварат со Устав и со закон загарантираните права, без да го загрозат сопственото издржување и издржувањето на членовите на своето семејство со кои живеат во заедничко домаќинство.

Поради обезбедување поширок пристап до бесплатната правна помош, Министерството за правда најавува измени и дополнувања на Законот за бесплатна правна помош кој е донесен во 2009 година.

Бесплатните правни совети, граѓаните за првпат ќе можат да ги добијат во сите (27) подрачни одделенија, како што предвидува и Законот за бесплатна правна помош:

  1. ПО Берово – ул. Димитар Влахов бр. 10, Берово
  2. ПО Ресен – ул. Плоштад Цар Самуил бб, Ресен
  3. ПО Гевгелија – ул. Маршал Тито бр. 170, Гевгелија
  4. ПО Делчево – ул. Методи Митевски-Брицо бр. 40
  5. ПО Кочани – ул. Раде Кратовче бр. 1
  6. ПО Кавадарци – ул. Плоштад Маршал Тито бб
  7. ПО Неготино – ул. Ацо Аџи Илов бр. 2
  8. ПО Битола – бул. 1 Мај бб
  9. ПО Струга – ул. Пролетерски бригади бб
  10. ПО Македонски Брод – ул. 7 Септември бр. 4
  11. ПО Крушево- ул. Никола Ѓурковиќ бб.
  12. ПО Свети Николе – ул. Плоштад Илинден бр. 12
  13. ПО Струмица – ул. Сандо Масев бр. 1
  14. ПО Крива Паланка – ул. Св. Јоаким Осоговски бр. 175
  15. ПО Чаир – бул. Босна и Херцеговина бр. 16
  16. ПО Валандово – ул. 4 Јули бр. 1
  17. ПО Кисела Вода – ул. Борис Трајковски бб
  18. ПО Кичево – ул. Борис Кидрич бр. 1
  19. ПО Куманово – ул. 11 Октомври бб
  20. ПО Дебар – ул. 8 Септември бб
  21. ПО Гостивар – ул. Браќа Гиноски бб
  22. ПО Гази Баба – бул. Александар Македонски бб
  23. ПО Охрид – ул. Димитар Влахов бр. 57
  24. ПО Кратово – ул. Плоштад Павел Шатев бб
  25. ПО Виница – ул. Бел камен бр. 13
  26. ПО Тетово – ул. Дервиш Цара бр. 68
  27. ПО Пробиштип- ул. Јаким Стојковски бр. 1

М.В