/ Прочитано:

950

Министерството за правда подготвува измени на Законот за извршување

Целта на измените, посочуваат од Министерството, е усогласување на законот со други закони, дефинирање на постапките за извршување врз идна градба и недвижен имот со незапишани сопственички права, дорегулирање на статусот на замениците на извршители, зголемување на примената на дигиталната технологија при спроведување на извршувањата, доуредување на доставата која ја вршат извршителите и прецизирање на одредбите од законот.

„Примената на одредбите од член 205-а и член 239-а од законот создаде проблеми во праксата на извршителите при спроведување на извршувањата врз недвижен имот, усогласување на законот со други закони, примената на дигиталната технологија во сите сфери на општественото живеење ја наметна потребата од воведување и на електронско јавно наддавање, проблеми при примената на одредбите за достава и поедноставување на постапките во интерес на доверителите и извршителите ја наметна потребата за измена на законот и доуредување на одредби од законот со цел доследна примена на законот од извршителите при спроведувањето на извршувањата“, образложуваат од Министерството.

М.В