/ Прочитано:

2.216

Министерството за правда подготвува измени на Законот за катастар на недвижности за подобрување на квалитетот на запишаните права

Министерството за правда започнува процес за подготовка на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности во насока на подобрување на квалитетот на запишаните права во катастарот на недвижности и намалување на процентот на незапишаните права во катастарот на недвижности, во согласност со Извештајот „Дуинг бизнис 2018“  на Светската банка.

„Целта на измените е да се создадат правни претпоставки за подобрување на квалитетот на запишаните права, а со тоа и јакнење на правната сигурност во запишаните права во катастарот на недвижности“, велат од Министерството за правда.

Со Законот за катастар на недвижности се уредува управувањето со Геодетско-катастарскиот информационен систем, одржувањето на катастарот на недвижности, востановувањето и одржувањето на катастарот на инфраструктурни објекти како дел од катастарот на недвижности, основните геодетски работи, геодетските работи за посебни намени, премерот на недвижностите во функција на катастарот на недвижности, премерот и одржувањето на државната граница на Република Македонија, топографските карти, масовната процена на недвижностите, воспоставувањето и управувањето со Графичкиот регистар за градежно земјиште, водењето на Регистарот за просторни единици, водење на Графичкиот регистар за улици и куќни броеви, надзорот на работењето на трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи, како и статусот, организацијата, работењето и надлежностите на Агенцијата за катастар на недвижности.

М.В