Министерството за правда подготвува нов Закон за Агенцијата за разузнавање
Министерство за правда подготвува нов Закон за Агенцијата за разузнавање. Со овој закон, посочуваат од Министерството, ќе бидат уредени надлежноста, раководењето и внатрешната организација на Агенцијата за разузнавање.
Целта на новиот закон е да се надминат слабостите лоцирани во постојните законски одредби во оваа област.
Со постојниот закон Агенција за разузнавање се основа како посебен орган на државната управа.
Агенцијата е надлежна да собира податоци и информации од значење за безбедноста и одбраната на Република Македонија и стопанските, политичките и други интереси на државата.
Агенцијата врши анализи и истражувања на податоците и информациите и задолжително ги известува претседателот на Република Македонија, Владатa на Република Македонија и други државни органи за прашања од значење на нивниот делокруг.
М.В