/ Прочитано:

1.503

Министерството за правда подготвува нов Закон за меѓународно приватно право

„Донесувањето на Законот за меѓународно приватно право е предодредено од стратешката цел на Република Македонија за членство во Европската Унија и од потребата за остварување на преземените обврски за спроведување на реформите, со кои во националното законодавство се вградуваат европски стандарди. За таа цел со Стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017 – 2022 се предвиде донесување на нов Закон за меѓународно приватно право како стратешка определба за усогласување на меѓународната правната област“, велат од Министерството за правда.

„Целта на новото законско решение е усогласување со неколку директиви, и тоа: со Регулативата 864/2007 на Европскиот парламент и Советот од 17 јули 2007 (за меродавно право за вондоговорните обврски (Рим II), Регулативата 4/2009 на Советот од 18.012.2008, Регулативата 650/2012 на Европскиот парламент и Советот од 4 јули 2012 година, Регулативата 593/2008 на Европскиот парламент и Советот од 17 јуни 2008 година (за меродавното право за договорни обврски (Рим I)“, додаваат од Министерството.

Постојниот Закон за меѓународно приватно право содржи правила за определување на меродавното право за личните (статусните), семејните, работните, имотните и други материјално-правни односи со меѓународен елемент.

Овој закон содржи и правила за надлежноста на судовите и другите органи за расправање на посочените односи, потоа правила на постапката и правила за признавање на странските судски одлуки и одлуките на другите органи на странска држава.

М.В