/ Прочитано:

1.421

Министерството за правда подготвува Закон за Специјалното јавно обвинителство

Министерството за правда подготвува Предлог на закон за Специјалното јавно обвинителство. Со овој закон, велат од Министерството,  ќе се уреди материјата за Специјалното јавно обвинителство, а целта на законот е да се изврши уредување на материјата за статусот, надлежностите и други прашања поврзани со Специјалното јавно обвинителство.

Инаку, сегашната положба и надлежностите на Специјалното јавно обвинителство се уредени со Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите.

Со овој закон се уредуваат надлежноста, основањето, укинувањето, организацијата и функционирањето на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, основите за именување и разрешување на јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите и други прашања во врска со работата на обвинителството.

Во последниот извештај на Специјалното јавно обвинителство се посочува дека СЈО очекува во претстојниот период од страна на надлежните институции да се преземат потребните мерки за овозможување на законските услови за тоа да се инкорпорира во Јавното обвинителство на Република Македонија како самостојна институција која ќе има автономност во постапувањето по делата од негова надлежност и гонење на кривични дела на корупција од висок профил.

М.В