Министерството за правда распишува конкурс за именување нотари
Врз основа на член 11 од Законот за нотаријатот и член 2 од Правилникот за бројот и распоредот на службените седишта и службените подрачја за кои се именуваат нотарите, Министерството за правда го распишува четириесет и првиот Конкурс за именување на нотари за следните нотарски седишта:
– едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Дебар;
– едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Кичево;
– едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Прилеп;
– две нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основните судови на градот Скопје;
– едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Струмица и
– едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Куманово.
Конкурсот во целост може да се погледне на следниот линк.