/ Прочитано:

1.251

Министерството за транспорт подготвува нов Закон за гробишта и погребални услуги

Министерството за транспорт и врски подготвува нов Закон за гробишта и погребални услуги.

„Заради одредени слабости и недостатоци во постојниот закон, потребно е донесување на нов Закон за гробишта и погребални услуги. Со новиот предлог на закон, решенијата содржани во него ќе ги разрешат на најприфатлив начин насобраните проблеми, слабости и недостатоци во постојните законски решенија, како и во процесите на хармонизација на проблемите во областа на управувањето со гробиштата и погребалните услуги“, образложуваат од Министерството за транспорт и врски.

Со Законот за гробишта и погребални услуги се уредуваат начинот на определување, изградба, одржување, употреба и видови гробишта, управување со гробиштата, употреба на гробно место и гробница, условите и начинот на вршење на погребални услуги, изградба на надгробни споменици, како и надзор над спроведување на овој закон.

Гробиштата како добра во општа употреба се во сопственост на Република Македонија, уживаат посебна заштита и се користат под услови и на начин утврдени со овој закон.

М.В