/ Прочитано:

1.461

Министерството за здравство со информации за заштита од коронавирусот

Само заеднички можеме да се заштитиме и да го заштитиме јавното здравје. Јавното здравје е наша заедничка одговорност, велат од Министерството за здравство. Секој од нас може да придонесе за спречување на ширењето на вирусот и е должен одговорно да се однесува. Министерството за здравство  повторно апелира:

Доколку сте биле во некој од ризичните региони во Северна Италија, останете во самоизолација 14 дена. На тој начин го штитите своето семејство и своите сограѓани. Доколку за време на изолацијата почувствувате симптоми, контактирајте со локалниот центар за јавно здравје.

На властите, на граница или на медицинските лица кажувајте им исклучиво точни информации. Криењето на информации нема да ве заштити ниту вас ниту вашите најблиски. Тоа е неодговорно и кон целото општество.

Одржувајте лична хигиена и почитувајте ги препораките кои во изминатите 14 дена активно ги соопштуваме. На следните линкови се сите потребни информации како да го заштитите вашето здравје и здравјето на другите.

Градинките, училиштата и факултетите да бидат затворени следните 14 дена препорача Комисијата за заразни болести

Лекарската комора апелира лекарите и здравствените работници да се придржуваат до препораките за коронавирусот

ФИЛИПЧЕ: Граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од овој вирус

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

Препораки од Министерството за здравство за заштита од коронавирусот

Владата донесе препораки за заштита од коронавирусот

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

М.В