/Прочитано:

1.186

Министерството за земјоделство распишува два јавни огласи за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

Едниот оглас е за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање. Со овој јавен оглас се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од 595 ха 40 ар 38 м2 во следните региони – Виница, Битола, Гевгелија, Ресен, Струга, Кавадарци, Кратово, Кочани.

Намената за кое се дава земјоделското земјиште во државна сопственост во закуп е за: подигање долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години, подигање долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигање маслинарници за период до 50 години, одгледување други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за одгледување брзорастечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години, рибници до 20 години и спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.

Вториот јавен оглас е за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари. Со овој јавен оглас се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од 866 ха 75 ар 56 м2, и тоа за следните региони во Република Македонија: Неготино, Берово, Пробиштип, Кисела Вода, Кичево, Прилеп.

Земјоделското земјиште во државна сопственост кое се дава во закуп со овој јавен оглас е со намена за: подигање долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години, подигање долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигање маслинарници за период до 50 години, одгледување други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за одгледување брзорастечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години, рибници до 20 години и спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.

М.В