МИОА апелира да се користи можноста за добивање услуги по електронски пат
„Министерството за информатичко општество и администрација, согласно последните насоки и вонредни мерки од Владата на Република Северна Македонија, апелира до сите граѓани кои во наредните 14 дена ќе имаат потреба од услуги или различен вид на консултации со државните институции, тоа да го прават по електронски пат.
Напоменуваме дека изводот од матичната книга на родени, венчани и умрени, покрај тоа што барањето може да се поднесе електронски, сега може и да се добие електронски. Тоа е возможно на порталот за е-услуги, uslugi.gov.mk, како и преку порталот на Управата за водење на матични книги.
Исто така, на порталот за е-услуги, uslugi.gov.mk, во моментов достапни се 128 услуги, кои можат да се добијат за само неколку минути од вашиот дом. Тоа значи дека потврдите и различниот вид на документи од најпосетуваните институции, како што се : Агенција за вработување, Министерство за труд и социјална политика, Фонд за здравствено и Фонд за пензиско осигурување, Централен регистар… се достапни електоронски.
Дополнително за 744 услуги, можат да се прочитаат сите потребни информации за целосната процедура за издавање. На овој начин, нема потреба да се посетуваат институциите физички за да се добијат овие информации“, соопштуваат од МИОА.
Нови мерки за заштита од коронавирусот
Арсовска: Потребна е навремена помош за справување со ефектите од Ковид-19 врз економијата
„Фајнанс тинк“ за заканите од коронавирусот за економијата
Филипче: Препораките за заштита од коронавирусот важат и за приватните компании
МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште
НБ: Коронавирусот се одразува врз глобалната економија, но сѐ уште се неизвесни економските ефекти
Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка
Кривичните дела и казните за непочитување на препораките на Владата за коронавирусот
Интегрален текст на заклучоците на Владата за заштита од коронавирусот
Министерството за здравство со информации за заштита од коронавирусот
ФИЛИПЧЕ: Граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од овој вирус
Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот
Препораки од Министерството за здравство за заштита од коронавирусот
Владата донесе препораки за заштита од коронавирусот
Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот
М.В