/ Прочитано:

1.596

МИОА: Јавна расправа за Предлог-законот за инспекциски надзор

Министерството за информатичко општество и администрација организира јавна расправа за Предлог-законот за инспекциски надзор. Настанот има цел да ги вклучи сите засегнати страни во финализирањето на Законот.

„На настанот ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, претставници на Инспекциски совет и членови на работната група.

Целта на предлог Законот за инспекциски надзор е надминување на неконзистентноста и слабостите на важечкиот Закон за инспекциски надзор и воведување на нов концепт на инспекциски надзор преку планирање врз основа на процена на ризик и унифицирано вршење на инспекцискиот надзор, со што ќе се постигне поголема правна сигурност за субјектите на надзор (пред сè од приватниот сектор).

Министерот за информатичко општество и администрација донесе решение со кое се формираше работната група за подготовка на нов Закон за инспекциски надзор. Членови на работната група се административни службеници од Министерството за информатичко општество и администрација, Инспекциски совет, Државен инспекторат за труд, Државен пазарен инспекторат, Државен управен инспекторат и Државен просветен инспекторат, а вклучени се и домашни експерти.

Покрај одржаните состаноци на работната група, извршени се и консултации со раководствата на инспекциските служби.

За предлог текстот на Законот вклучени беа и други засегнати страни, како што се инспекциските служби, стопанските комори во Република Македонија, засегнатите министерства, други органи на државна управа, ЗЕЛС и други.

Предлог Законот за инспекциски надзор, веќе е објавен на ЕНЕР, каде до 22 ноември, сите заинтересирани ќе можат да даваат свои коментари и забелешки“, се вели во соопштението на МИОА.