/ Прочитано:

1.468

МИОА: Законот за рекламни кампањи на јавните институции повлечен заради подобрување на текстот

„Со оглед на фактот што во текот на изминатиот месец, во процесот на консултации со над 100 медиумски куќи и асоцијации, Министерството презема обврска да ги разгледа добиените предлози и сугестии и да ги прифати оние кои ќе овозможат подобрување на текстот на Законот, Владата на Република Македонија на предлог на Министерството, во текот на вчерашниот ден го повлече текстот на Законот од собраниска процедура“, велат од МИОА.

Медиуми

Откако вчера Владата го повлече Предлог-законот  за информативни и рекламни кампањи на јавните институции, Министерството за информатичко општество и администрација, кое е предлагач на Законот, појасни кои се причините зошто предлогот, иако беше веќе во собраниска процедура, беше повлечен.

„Со оглед на фактот што во текот на изминатиот месец, во процесот на консултации со над 100 медиумски куќи и асоцијации, Министерството презема обврска да ги разгледа добиените предлози и сугестии и да ги прифати оние кои ќе овозможат подобрување на текстот на Законот, Владата на Република Македонија на предлог на Министерството, во текот на вчерашниот ден го повлече текстот на Законот од собраниска процедура. Можноста за повлекување на Предлог-законот заради усогласување беше најавена уште на самите состаноци со медиумите и оттука Министерството најостро ги демантира сите шпекулации во однос на причините за повлекување на Законот и информира дека единствена причина е потребата за доработка на текстот на Законот во согласност со добиените предлози и забелешки“, се наведува во соопштението на МИОА.

Од Министерството наведуваат дека очекуваат во следниот период сите засегнати страни со одговорно и конструктивно однесување да овозможат да се реализира исполнувањето на еден од итните реформски приоритети и да дадат свој придонес во изнаоѓање на долгорочно системско решение за ова прашање.

Законот, според Министерството, имал за цел да одговори на приоритетот за воспоставување на строги правила за владино рекламирање, засновани на транспарентни, објективни и недискриминациски критериуми, како и за обезбедување на целосна транспарентност на владиното рекламирање, не само во однос на трошењето на јавните финансии, туку и во однос на примателите и содржините.

Владата го предложи Законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции