/ Прочитано:

3.140

Мирјана Лазарова-Трајковска избрана за нов судија во Врховниот суд

Судскиот совет едногласно ја избра Мирјана Лазарова-Трајковска за судија во Врховниот суд. Лазарова-Трајковска е поранешна судијка во Европскиот суд за човековите права и во Уставниот суд. Со измените на Законот за судовите, Лазарова-Трајковска доби можност да конкурира за судија во Врховниот суд. Покрај Лазарова-Трајковска, за нови врховни судии избрани се и Сафет Кадрии, Наке Георгиев и Лидија Мартинова.

М.В