/ Прочитано:

5.231

МИРНО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ: Образец за барање за медијација и образец за полномошно застапување

Медијацијата се применува особено во имотноправни, семејни, работни, трговски, потрошувачки и осигурителни спорови, во спорови од областа на образованието, заштитата на животната средина, спорови во врска со дискриминацијата, како во други спорни односи каде што медијацијата одговара на природата на спорните односи и може да помогне за нивно разрешување.

Медијација

Во насока на промоција на медијацијата и запознавање со можностите што ги нуди, во прилог ви ги претставуваме образецот за образец – барање за спроведување медијација и образецот за полномошно за застапување во медијација кое управителите на правните лица треба да му го издадат на полномошник за да бидат застапувани пред лиценциран медијатор.

Барањето треба да содржи податоци за тоа кој ја иницира постапката за медијација, за предметот на спорот и негов краток опис и за вредноста на спорот.

Во полномоштвото, пак, покрај името на медијаторот, видот на спорот и вредноста на спорот, се наведени и податоците за тоа кој делокруг на овластувања се опфатени со застапувањето.

Застапувањето го опфаќа следниот делокруг на овластувања: поднесување на барање за спроведување на постапката на медијација, деловна кореспонденција со медијаторот во интерес на спроведување на медијацијата, застапување во евентуални преговори доколку спротивната страна ја прифати поканата за учество во медијација, да прифати или да се откаже од одредено право или обврска во врска со предметот на спорот во текот на  медијацијата, склучување и потпишување на евентуално постигната спогодба, застапување на страната иницијатор во постапка за солемнизација на спогодбата пред надлежен нотар и доколку не заврши успешно постапката на медијација, да ја прими изјавата донесена од медијаторот како предуслов за натамошно иницирање на судска постапка со тужба.

Медијација е секое посредување, без оглед на неговиот назив, при решавање на спорниот однос во постапка на медијација во коешто на страните во спорниот однос им се овозможува истиот да го решат по пат на преговарање, на мирен начин со помош на еден или повеќе лиценцирани медијатори со цел да се постигне заедничко прифатливо решение изразено во форма на писмена спогодба.

Медијацијата се применува особено во имотноправни, семејни, работни, трговски, потрошувачки и осигурителни спорови, во спорови од областа на образованието, заштитата на животната средина, спорови во врска со дискриминацијата, како во други спорни односи каде што медијацијата одговара на природата на спорните односи и може да помогне за нивно разрешување.